Балканските бизнисмени и банки ќе делат 145 милиони евра

Bez autora
Jun 06 2013

Пред македонските бизниси се отвора можност за користење нови евтини кредити. Платформата за развој на претпријатијата и иновации за Западен Балкан, проект поддржан од Европската комисија, Европската инвестициска банка, Европскиот инвестициски фонд и Европската банка за обнова и развој, тежи 145 милиони евра, кои заедно со нас треба да ги поделат Србија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. Колку од тие пари ќе повлечат македонските фирми, банки и државата ќе зависи од нивната умешност, а вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски вели дека би биле задоволни да заземе 20% од вкупната сума. Кредитите од овој регионален проект ќе се делат преку деловните банки, кои се уште не ги направиле математиките колкава ќе биде каматата.

Балканските бизнисмени и банки ќе делат 145 милиони евраПред македонските бизниси се отвора можност за користење нови евтини кредити.

Платформата за развој на претпријатијата и иновации за Западен Балкан, проект поддржан од Европската комисија, Европската инвестициска банка, Европскиот инвестициски фонд и Европската банка за обнова и развој, тежи 145 милиони евра, кои заедно со нас треба да ги поделат Србија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Колку од тие пари ќе повлечат македонските фирми, банки и државата ќе зависи од нивната умешност, а вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски вели дека би биле задоволни да заземе 20% од вкупната сума. Кредитите од овој регионален проект ќе се делат преку деловните банки, кои се уште не ги направиле математиките колкава ќе биде каматата.

Самиот проект кој стартуваше вчера, има четири компоненти. Преку фондот за иновации седумте земји треба да поделат вкупно 40 милиони евра, наменети за инвестиции во мали и новоосновани компании насочени кон иновации. Фондот за експанзија е најголем, содржи 80 милиони евра за поддршка на понатамошниот развој на веќе формирани и развиени компании. Третата компонента е Гарантниот фонд во вкупна вредност од 20 милиони евра. Преку овој фонд кој вчера беше презентиран пред банкарите во Стопанската комора на Македонија, треба да се поттикнат банките да го зголемат кредитирањето на компаниите. Компонентата за техничка помош која е поддржана со пет милиони евра е наменета за државите за да ги усогласат законските рамки со европските и да обезбедат непречено функционирање на фондовите.

- Ова претставува уште еден дополнителен инструмент за поддршка и финансирање на малите и средните претпријатија, тема на која Владата континуирано работи во изминативе неколку години, со цел подобрување и олеснување на условите за работа и обезбедување нови извори на финансирање за компаниите во Република Македонија - вели Пешевски.

Конкретно за гарантниот фонд кој треба да профункционира до јуни наредната година и беше презентиран вчера, тој вели дека е гарантна шема со која на банките што ќе аплицираат за средствата кај Европскиот инвестициски фонд им се дава определен вид заштита во случај на загуба на пласманот на кредит со поделба на ризикот.

- Доколку дојде до невраќање на кредитот од страна на некоја компанија, дел од настанатата штета би била покриена од страна на Европскиот инвестициски фонд, со што се овозможува на оние банки и мали и средни компании кои имаат добар проект, но немаат соодветен начин на гарантирање на заемот, да пристапат до овој заем - рече Пешевски, објаснувајќи дека ефектот ќе биде мултиплициран, односно со почетните 20 милиони евра обезбедени за покривање гаранции се очекува од страна на банките да бидат пласирани над 110 милиони евра, а можеби и повеќе.

Претседателот на Здружението за банкарство, Ѓорѓи Јанчевски, вели дека Тутунска банка, чиј директор е тој сигурно ќе аплицира за овие средства, а такви најави има и од другите банки.

Проект Платформа за развој на претпријатијата и иновации за Западен Балканн стартува со 145 милиони евра, но, според Пешевски, во иднина тој износ треба неколкукратно да се зголеми.

Јанчевски: Падот на каматите е почнат

Процесот на пад на каматите на кредитите е започнат, вели претседателот на Здружението за банкарство и директор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски. Тој потенцира дека каматите во последно време одат доста надолу, а цената на станбените кредити сега е на историски најниско ниво.

- Цената на државните записи и каматата на благајничките записи која е референтна паѓа - ја објаснува тој причината за намалувањето на банкарските камати.

Што се однесува до барањето на Сојузот на стопански комори за зголемено кредитирање на фирмите, Јанчевски вели дека банките ќе одговорат позитивно.

- Охрабрувачки е дека излеговме од онаа нулата позиција или рецесија што ја имавме во текот на минатата година, а и податоците за индустриското производство во првите месеци од годинава се доста охрабрувачки и нормално дека банките ќе го зголемат кредитирањето. Ако прават избор меѓу тоа дали да ги дадат парите за државни или благајнички записи за кои добиваат нешто над 3% камата, сигурно дека ќе сакаат да пласираат со 6% или 7% во фирмите - вели Јанчевски, додавајќи дека сепак кредитирањето се одвива врз основа на критериуми и стандарди на банките.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik